Експертите велат: Шест месеци по породување мајките не треба да вежбаат – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 1:47 PM

Експертите велат: Шест месеци по породување мајките не треба да вежбаат

Експертите предупредуваат дека жените по породувањето имаат голема желба да се вратат на старата физичка форма. Па токму затоа многу брзо по породувањето се враќаат на нивните стандардни тренинзи, изложувајќи го на опасност својот ослабен абдомен и карлични мускули. Па токму затоа жените се предупредуваат дека не треба да се посветат на вежање, трчање или да имаат интезивни тренинзи,  барем шест месеци после породувањето.

Познатите мајки кои својата совршена постпородилна линија ја покажуваат на социјалните мрежи само неколку недели по породувањето, доведува до тоа жените да се под голем притисок за многу брзо да се вратат во форма.


Може жените не сфаќаат колку се потенцијално опасни последиците, ако не му дозволат на нивното тело да се опорави после породувањето. Трчањето на карличните мускули врши притисок три пати поголем од вашата тежина, па ако тие мускули се ослабени тоа може да доведе до последица која ќе се одрази месеци или пак години подоцна.

Иако физичката активност генерално е добра за здравјето, но доколку вежбите се прават на погрешен начин, а посебно кога телото е слабо после породувањето, може да има поголема штета отколку корист.


Некои жени чувстуваат дека мора да го смалат стомакот веднаш после породувањето, затоа што ги гледаат познатите јавни личности кои успеале во тоа. Поради тоа прават стомачни или слични вежби кои можат само да ја влошат состојбата на веќе настанатите последици од бременоста, како на пример, раздвојување на абдоменалните мускули. Проблемот исто така лежи и во тоа што многу жени немаат очигледни симптоми на внатрешните промени поради породувањето.

Секоја трудница без оглед на тоа дали ќе се породи по природен пат или царски рез, поставува притисок на карличните мускули и потенцијално ги оштетува. Поради тоа ниедна жена не би требало да работи интезивни тренинзи барем шест месеци по породувањето.