(Видео) Артан Груби се фати за цревото – Првиот вицепремиер мие улици за Бајрам – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/21 2:07 PM

(Видео) Артан Груби се фати за цревото – Првиот вицепремиер мие улици за Бајрам

Коце Трајановски пред неколку години поради поплавите во Скопје, облече гумени чизми за да им помогне на работниците кои мака мачеа со водата од поројните дождови. Потегот на Коце Трајановски долги години е хит на социјалните мрежи.

Од вчера хит е и првиот вицепремиер Артан Груби откако излезе во чаршија и се фати за цревото заедно со работниците од Комуналното претпријатие.Груби ја чистеше Старата скопска чаршија по повод утрешниот празник Рамазан Барам.

-Вечерва заедно со општинските работници за хигиена ги чистиме, дезинфицираме и подготвуваме џамиите во Скопје во пресрет на Курбан Бајрам“, напиша вицепримиерот  на Фејсбук.