Популарниот италијански милионер и миленик на жените Џанлука Ваки (52), се вакцинираше денеска во Белград, на белградскиот саем.
Џанлука во Белград стигнал со приватен лет, а дошол само поради вакцинирање. Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде што исто така ќе се ревакцинира за три недели.
Италијанскиот милионер се вакцинирал без маица, а бил видно расположен и насмеан. На Џанлука му помогнал белгардски бизнисмен да дојде во Белград на вакцинација.
Џанлука се прослави со своите видеа на кои танцува, а со години е во центарот на вниманието и е еден од сопствениците на најинтересните профили на Инстаграм кои ги пратат милиони, кога се во прашање оние кои сакаат да гледаат луксузни недвижности, јахти, трошење пари и луди забави.
Џанлука неодамна доби ќерка со 28 години помладата девојка Шерон, која го доби името Блу Јерусалема Ваки.
Извор: Телеграф.рс