Манекенката Емилија Розман бремена, ќе стане мајка на близначиња? Вистина или предизвик? – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/21 8:34 AM

Манекенката Емилија Розман бремена, ќе стане мајка на близначиња? Вистина или предизвик?

-Едно е подобро од две, напиша манекенката Емилија Розман и објавата ја закачи на стори на својот Фејсбук профил. Ова беше доволни да се наредат коментарите и честитките до убавицата дека е во третиот месец од бременоста и дека ќе стане мајка на близначиња.

Но, таа вели дека сето ова е само игра, односно вистина или предизвик со другарките.

-Малку сум поправена, карантинот кај сите па и кај мене си го зема данокот.  Не сум бремена, камо среќа да сум. Ако бев тоа сигурно немаше да го кажам преку стори, туку на сите ѕвона ќе ѕвонев. Ми пишуваа луѓе, ми честитаа, тоа се оние кои не ме познаваат добро, но оние кои ме познаваат знаат дека се шегувам, ме знаат каква сум. Ова е само игра- вистина или предизвик со другарките ништо повеќе.  И одговор на сите што ме коментираат. Кога бев слаба велеа зошто е толку слаба, сега велат зошто се здебелила, вели Емилија.

Таа за својот статус вели дека сеуште е сингл и дека ужива во животот.

-Немам дечко и  можам да кажам дека сум  сингл и среќна. Не сум вљубена во никој, односно вљубена сум во животот. Во оваа ситуација која повеќе од една година ја живееме најважно е да си здрав и жив. Па има ли поубаво од тоа да си го сакаш животот. Убаво ми е вака, вели таа и додава дека ужива со внуците од брат и, односно во прекрасната улога на тетка.