Унгарскиот министер Сијарто денес ќе донесе вакцини за потребите на нашето МВР – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/21 8:34 AM

Унгарскиот министер Сијарто денес ќе донесе вакцини за потребите на нашето МВР

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска ќе престојува во еднодневна посета на државава, при што ќе предаде донација во вакцини наменета за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Донацијата на Меѓународниот аеродром Скопје ќе ја преземат министрите за надворешни работи Бујар Османи и за внатрешни работи Оливер Спасовски – најавија од  МНР.

Предвидена е и тет-а -тет средба на Сијарто и Османи по која ќе одржат прес-конференција, како и пленарни разговори помеѓу делегациите на министерствата за надворешни работи на двете држави.

 

Фото:  Instagram /  peter_szijjarto