Синовите на лидерот на ВМРО, Христијан Мицкоски ги залепија сликичките за Евро 2020. Мицкоски на својот Фејсбук профил се пофали дека неговите наследници Јован и Антониј за завршиле популарна спортска работа.
-Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме последните пет што ни фалеа, го наполнивме албумот, не оној семејниот, туку оној од ЕУРО 2020 со Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф и останатите македонски херои, нашата гордост. Ова е првиот албум на Антониј и трет на Јован, продолжуваме јунаци заедно и секако навивањето за нашата Македонија, напиша тој.