Болниот војник од Африка пристигна во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/21 7:53 AM

Болниот војник од Африка пристигна во Скопје

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје, напиша на својот Фејсбук профил министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

– Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, вели таа во објавата.

Војникот е позитивен на Ковид-19 и суспектен на јужноафриканскиот сој, со средно тешка клиничка слика.  Тој беше транспортиран под посебни услови и протоколи и ќе биде сместен во посебна изолирана соба. Тој заедно со уште еден војник бил во мисијата на Европската Унија за обучувачи во Централноафриканската република.