Во светот во последните 20 години шумите се зголемени повеќе отколку што изнесува површината на Франција – ММС
ММС

Објавено на: 05/11/21 8:24 PM

Во светот во последните 20 години шумите се зголемени повеќе отколку што изнесува површината на Франција

Во светот, од 2000 година наваму, пошумени се 59 милиони хектари површина повеќе отколку што изнесува површината на Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Истражувањето спроведено во рамките на кампањата „Трилиони дрвја“ (Trillion Trees), организирано од Друштвото за заштита на дивиот свет (Wildlife Conservation Society), Светскиот фонд за заштита на природата (World Wide Fund for Nature) и Меѓународниот птичји живот (BirdLife International), покажа дека пошумени се 59 милиони хектари површина од 2000 до 2020 година.

Според истражувањето, една од најголемите успешни приказни е напишана во шумите во Бразил, каде што шумската област, која е обновена од 2000 година, е зголемена на околу 4,2 милиони хектари, приближно колку што е површината на Холандија.

Се наведува дека за овој успех придонеле и други фактори, како што се планираните проекти за заштита на шумите, поодговорните индустриски практики и зголемената миграција кон градовите.

Во потполарните шуми на северот на Монголија, исто така пошумени се 1,2 милиони хектари земја.

Меѓу пошумените региони се наоѓаат и потарктичките шуми во Централна Африка и Канада.

За време на двегодишното истражување анализирани се сателитски снимки од најмалку 30 години, а исто така земено е мислење и од експерти со основно познавање на тематиката во повеќе од 100 региони во 29 земји.

Џон Лотспеч, извршниот директор на кампањата „Трилиони дрвја“ рече: „Оваа мапа е драгоцена алатка за еколозите, политичарите и финансиерите за да се подобрат начините на кои можеме да работиме заедно за да ги зголемиме шумските области за доброто на планетата.“