Хери Мегваер се повреди, неизвесен за финалето во Европа Лига – ММС
ММС

Објавено на: 05/11/21 7:49 PM

Хери Мегваер се повреди, неизвесен за финалето во Европа Лига

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец, Хери Мегваер, поради повреда на лигаментите на десниот зглоб на ногата, ќе ги пропушти преостанатите три натпревари во Премиер Лигата, но постои ризик и за пропуштање на финалето од Европа Лига против Виљареал.

Некогашниот фудбалер на „лисиците“, токму на „Олд Трафорд“ на денешниот натпревар против Лестер беше забележан на трибините со бандажирана нога, па така се зголемија стравовите на Оле Гунар Солскјер и фановите на Јунајтед за големото финале со шпанскиот претставник на 26-ти мај.

-Очигледно треба да помине скенирање, добрата вест е што нема фрактура. Има повреда на лигаменти, но надежно дека ќе го видиме повторно оваа сезоза. Се надевам дека ќе биде подготвен за финалето во Европа Лига, изјави Солскјер за клупската телевизија.

Мегваер сезонава израсна во вистински лидер во одбраната на „црвените ѓаволи“ и една од причините поради која неговиот тим е второпласиран во домашното првенство и е финалист во второто по квалитет клупско натпреварување.

 

 

Фото:

101greatgoals.com