За три дена на 14-ти мај во земјава пристигнуваат 38.400 вакцини од „АстраЗенека“, најави министерот за здравство, Венко Филипче, на својот „Фејсбук“ профил.
-Добивме уште една добра вест од УНИЦЕФ попладнево. На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот и ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, напиша Филипче и апелираше до сите граѓани да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.