Четириесет и шестгодишната актерка, Ева Лонгорија по бременоста долго се бореше со вишокот килограми. Сепак таа му се посвети на фитнесот и судејќи според фотографиите, тоа се исплатеше. Тоа се гледа и на нејзината најнова фотографија на Инстаграм. Познатата актерка имено, позира во црвен костим за капење. Црвената боја беше дел и од многу парчиња гардероба кои таа ги носеше за време на снимањето на популарната серија „Очајни домаќинки“ во која ја играше улогата на Габриела Солис.
Фотографијата доби околу 350 илјади „допаѓања“, а позитивните коментари од обожавателите не стивнуваат.
„Презгодна“, „Габи изгледаш одлично“, „Денес си уште поубава“.. се само дел од коментарите на социјалната мрежа каде актерката ја следат над 8 милиони луѓе.
Ева во последните неколку години му е посветена на семејниот живот и двегодишниот син кој го доби со педесет и тригодишниот Хозе Пепе Бастон. Тие се венчаа во 2016-та година во Мексико.
Извор: telegraf.rs