Меган Маркл блесна во накитот од принцезата Дајана – ММС
ММС

Објавено на: 05/11/21 2:25 PM

Меган Маркл блесна во накитот од принцезата Дајана

Меган Маркл снимила видео-порака во врска со концертот „Vax Live Global Citizen“ во Лос Анџелес, на кој поради бременоста не можела да присуствува. Во својот говор се фокусирала на важноста на родовата рамноправност и важноста од обезбедување на еднаков глобален пристап до вакцините против Ковид-19.

За оваа прилика облекла црвен фустан со цветен дезен, потпишан од Каролина Херера од 1.690 долари од дизајнерката колекција „Resort 2021“.

Меган носела и внимателно избран накит – златен ѓердан на кој е прикажан симболот „женствено“ во комбинација со подигната тупаница. Ланчето од брендот „Awe Inspired“ ја слави женската сила. Овој избор на ѓердан е значаен бидејќи во својот говор Меган ги објаснува своите размислувања за иднината на сопствената ќерка и многу млади жени ширум светот.

Носела и часовник „Cartier Tank“ од принцезата Дајана, омилениот моден додаток на мајката на принцот Хари. Меган била љубител на часовници уште пред да го запознае војводата, но сега е очигледно дека носи работи поврзани за принцезата Дајана кога зборува за важни теми.

Извор: Вјести.ме