Белград: Пожар избувна во станот на познатиот писател и преведувач, Никола Бертолино – ММС
ММС

Објавено на: 05/11/21 2:27 PM

Белград: Пожар избувна во станот на познатиот писател и преведувач, Никола Бертолино

Голем пожар избувнал околу 13 часот на улицата Поп Лука бр 15 во центарот на Белград. Пожарот избувнал во стан во кој имало две стари лица, неподвижната жена (84),  била тешко повредена.

Според информациите од терен, наводно станувало збор за  станот на преведувачот, писател и истакнат граѓанин на Белград, Никола Бертолино.Тој бил изнесен од зградата неповреден.

Според неофицијални информации, се запалил креветот во кој лежела жената, која била пренесена во болница со бројни изгореници.

Пожарот избувнал на вториот кат од зградата околу 13 часот, а во гаснењето учествувале и голем број пожарникари. Според информациите од жителите во зградата, сè уште не е познато која е причината за пожарот. Се претпоставува дека неподвижната старица некако дошла до запалката.

„Тие обично имаат 24-часовна нега. Жената што ги чувала отишла во продавницата една минута, мислам дека отиде да купи пелени и се случи тоа што се случи “, изјавила една од станарките.

Нејзиниот син, кој помогна во гаснењето на пожарот, се чувствува добро и не е повреден.

„Слушнавме дека нешто се случува и почувствувавме чад, сè се случи многу брзо. Извлечен е соседот кој имал изгореници. Противпожарната единица, полицијата и брзата помош дојдоа брзо, па брзата помош веднаш се погрижи за нив и ја однесе жената, колку што знам жената  е во тешка состојба. Тие се постари луѓе, жената е неподвижна, страшно… “, изјави еден од соседите.

Тешко повредената жена е наводно поранешна балерина Мирјана Здравковиќ Бертолино, додека сопруг е преведувачот Никола Бертолино.

Подготви-В.Кр

видео-nova.rs
фото-mondo.rs