Нова атракција за „највлијателните“ инстаграмџии – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 12:56 PM

Нова атракција за „највлијателните“ инстаграмџии

Aвенијата Мелроуз во западен Холивуд е нова светска атракција за инстаграмџии. Лос Анџелес доби нова туристичка атракција, која е наменета само за корисниците на социјалната мрежа Инстаграм која има над 20.000 следачи.

Всушност на авенијата Мелроуз е поставен графит пред којшто стои обезбедување и само луѓе кои ќе докажуваат дека имаат најмалку 20.000 следачи на Инстаграм и ќе може да се фотографираат пред него. Графитот се состои од крила, срце и натпис „Град на ангелите“, „љубов“ и „уметност“. Ова место не може секој да го види затоа што покрај обезбедувањето поставена е висока ограда која не дозволува секој да го види овој графит.

На ова се огласија твитерџиите кои се жалат на дискриминацијата, бидејќи графитот е достапен само за оние „највлијателните“.