(Видео) Јадат термити и исплашени ја чекаат смртта – Катастрофа на рајскиот остров Мадагаскар – ММС
ММС

Објавено на: 05/11/21 9:37 AM

(Видео) Јадат термити и исплашени ја чекаат смртта – Катастрофа на рајскиот остров Мадагаскар

Најголемата суша во последните 40 години на островот Мадагаскар ќе предизвика глад кај повеќе од милион жители. Обединетите нации прогнозираат дека на југот од рајскиот остров приносите по жетвата ќе бидат двојнио помали во следните месеци поради малата количина дожд.

Џули Риверс, координаторка за итни случаи во „Лекари без граници“, кажа дека без дождот кој го нема веќе три години, луѓето нема да можат да се  вратат на полињата и со тоа да ги нахранат своите семејства.

– Некои од нив не се двоумат да кажат дека смрта ги чека ако ситуацијата не се промени и не заврне – изјави Риверс.

Според медиумите, луѓето јаделе термити и мешале глина со билката тамаринд.

Силните ветришта со себе го однеле и тоа што било барем малку добро од исушената земја.

Од Програмата на ООН за храна известија дека акутната неисхранетост кај децата помали од пет години е речиси двојно зголемена во последните неколку месеци на југот од земјата.

Извор: mondo.rs