Осум ученици и еден наставник загинаа во училиште во Казањ, соопшти претставник на Итната помош на Татарстан. Бројот на жртви се зголемува.
Според соопштението непознати лица отвориле оган во близина на образовна институција, а подоцна се слушнала и експлозија. Споре првичните податоци, пукале тинејџери, а еден е приведен.
Во сите образовни институции е зголемена безбедноста.
Претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов, министерот за здравство и регионалниот обвинител се на местото на настанот.
-Не изнесоа. Прво ни рекоа да се заклучиме во кабинетот, и така направивме. Потоа се слушна силна експлозија, а минута подоцна започна пукањето, рекол еден ученик.
Извор: Информер.рс