„PlayStation 5“ е веќе зрел за ремонт, следната година доаѓа освежена верзија – ММС
ММС

Објавено на: 05/10/21 10:55 PM

„PlayStation 5“ е веќе зрел за ремонт, следната година доаѓа освежена верзија

Конзолата „PlayStation 5“ се појави на крајот од мината година, проследена со овации од публиката и критичарите благодарение на новитетите кои го донесе, што се одрази со рекордната продажба за многу краток период.

Доминантноста на конзолата доаѓа во екот на недостапноста на пазарот на истата, но изгледа дека „Sony“ веќе увидел некаква маана, со оглед на тоа дека се шират шпекулации околу потенцијалниот редизајн на „петката“. Според порталот „DigiTimes“, за втората половина на 2022 гоина е планирано излегување на редизајнираната „PlayStation 5“ конзола.

Под редизајн се подразбира на голема промена на самиот чипсет на конзолата, бидејќи планот е да се премине на потполно нов AMD процесор, изграден на 6nm архитектура. Моменталниот ПС5 процесот, исто така од произведувачот AMD, е 7nm со осум јадра од Zen 2 генерацијата. Преминувањето на новата технологија за ПС5 без сомнение ќе значи дека перформансите ќе бидат далеку подобри и поефикасни во однос на самата содржина.

Ако се верува на овие наоди, кои не се потврдени засега, изгледа дека „Sony“ со овој редизајн планира да креира модел на конзола што би можел да се нарече „PS5 Pro“.

Она што највеќе чуди е тајмингот помеѓу самото доаѓање на новата генерација и новиот модел во истата. Растојанието од одвај две години не делува како доволно време за да оригиналниот модел може да се прифати, особено ако се земе предвид фактот што љубителите на оваа конзола и виртуелните игри многу тешко доаѓаат до овој уред.

 

 

 

Извор:

srbijadanas.com

Фото:

pocket-lint.com