Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска беше во посета на средните стручни училишта, „Коле Неделковски” и „Димитрија Чуповски” во Велес. Овие две училишта нудат дуално образование што претставува предност за сите деветтооделенци.
Според Министерката Царовска, дуалното образование е начин да се стигне до поквалитетно стручно образование и полесен начин до работно место по завршување на средното образование.
-Со средното стручно образование, се развива претприемачкиот дух кај учениците кои понатаму можат да основаат и сопствени компании и да станат вработувачи а не само вработени”, рече Царовска.
Месари и месопреработувачи како и техничари за заштита на животна средина се двата профили оддуално образование ССОУ „Димитрија Чуповски”, додека во ССОУ„Коле Неделковски” се техничар за машинско производство и заварувачи.
За секој ученик што ќе се запише во овие паралелки, Министерство за образование и наука ќе обезбеди стипендии во висина од 3.500 денари, за девет месеци, додека трае наставата.
На денешниот отворен ден, присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, пратеникот Ненад Коциќ, претседателот на Советот на Општина Велес Ќирил Гајдов, советници, директори на образовни институции како и полуматурантите од основните училишта во Велес и околните населени места.
Стефани Манева