Истанбул со сигурност отпаѓа. Турција е на „црвената“ листа на Велика Британија за која важи забрана за патувања, освен во неопходни случаи, а присуството на навивачите на трибини во Истанбул не е неопходно и тоа претставува дополнителен проблем.
Затоа, британската Влада денес одржа виртуелен состанок со челниците на УЕФА со цел да се изнајде решение и по можност финалето на 29-ти мај помеѓу Манчестер Сити и Челзи да се одигра на легендарниот „Вембли“.
Според „АP“, главната пречка за одржувањето на финалето во англиската престолнина е неможноста за изземање од карантинските процедури на сите кои ќе сакаат да бидал дел од финалето во Лондон, вклучувајќи ги и спонзорите на Лигата на шампионите, нивните гости, медиумите и сл.
Алтернативната опција на Европската куќа на фудбалот за големото финале на англиските тимови се нарекува Португалија, Порто. Португалија се наоѓа на „зелената листа“ на Велика Британија за патувања и луѓето кои пристигнуваат на таа територија не се подложни на следење на вообиаените карантински протоколи на државата.
Финалната одлука за тоа каде ќе заземе место мега-дуелот на Сити и Челзи ќе биде донесена утре, најавуваат англиските медиуми.
Фото:
Twitter / @Squawka