Чувајте чорапи во фрижидер за полесно да заспиете во летните топли ноќи – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 12:29 PM

Чувајте чорапи во фрижидер за полесно да заспиете во летните топли ноќи

Кога температурата вртоглаво ќе се покачи, во тој момент помислувате дека не можете да дишете  без клима, а ќе имате проблем и со заспивањето,  тогаш на сцена стапуваат некои мали, а сепак корисни трикови кои може да ги направите за да си олесните.

Не е препорачливо да спиете со вклучен клима уред, ниту пак истиот да биде свртен директно во вашата глава, а доколку на ум ви падне идејата да ги отворите прозорците кои немаат комарник  во тој случај ќе си имате потешкотии со комарците.

Но за жешките летни маки постои ефикасно решение:

Во текот на летните ноќи, пред спиење облечете чорапи. Иако ова ви звучи нелогично, сите кои го пробале ова велат дека навистина делува. Пробајте и уверете се дека утрото кога ќе станете вашата постелнина нема да биде мокра од потење во текот на ноќта.

Обрнете внимание и на ова, чорапите оставајте ги преку ден во фрижидер и извадете ги непосредно пред да заминете на спиење. Тие ќе ви помогнат да се спушти вашата телесна температура и ќе можете многу полесно да заспиете, а ќе заборавите на потењето и будењето во  текот на ноќта.