Кога температурата вртоглаво ќе се покачи, во тој момент помислувате дека не можете да дишете без клима, а ќе имате проблем и со заспивањето, тогаш на сцена стапуваат некои мали, а сепак корисни трикови кои може да ги направите за да си олесните.
Не е препорачливо да спиете со вклучен клима уред, ниту пак истиот да биде свртен директно во вашата глава, а доколку на ум ви падне идејата да ги отворите прозорците кои немаат комарник во тој случај ќе си имате потешкотии со комарците.
Но за жешките летни маки постои ефикасно решение:
Во текот на летните ноќи, пред спиење облечете чорапи. Иако ова ви звучи нелогично, сите кои го пробале ова велат дека навистина делува. Пробајте и уверете се дека утрото кога ќе станете вашата постелнина нема да биде мокра од потење во текот на ноќта.
Обрнете внимание и на ова, чорапите оставајте ги преку ден во фрижидер и извадете ги непосредно пред да заминете на спиење. Тие ќе ви помогнат да се спушти вашата телесна температура и ќе можете многу полесно да заспиете, а ќе заборавите на потењето и будењето во текот на ноќта.