ОФИЦИЈАЛНО: „Ел Матадор“ останува на „Олд Трафорд“ уште една година – ММС
ММС

Објавено на: 05/10/21 5:37 PM

ОФИЦИЈАЛНО: „Ел Матадор“ останува на „Олд Трафорд“ уште една година

Поранешниот напаѓач на Палермо, Наполи и ПСЖ, Единсон Кавани, стави потпис на продолжување на актуелниот договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2022 година.

Уругваецот воопшто не ги разочара очекувањата и по бавниот старт се покажа како инструментален за Оле Гунар Солскјер во најважниот дел од сезоната, постигнувајќи 15 погодоци во сите конкуренции.

-Во текот на сезоната развив посебна врска со клубот и она што клубот го претставува. Чувствувам длабока врска со моите соиграчи и стручниот штаб кој работи позади сцената. Тие ми даваат екстра мотивација секој ден и знам дека заедно можеме да оствариме големи нешта. Од моментот кога пристигнав ја чувствувам довербата од тренерот. Како играч, таа доверба ти носи перфектна можност да го играш својот најдобар фудбал и затоа би сакал да му се заблагодарам, изјави Кавани за клупскиот веб-сајт.

Норвешкиот стратег на клупата на Јунајтед, исто така изрази огромно задоволство поради продолжувањето на верноста на „Ел Матадор“, велејќи дека од самиот почеток верувал во него и неговата енергија, лидерство и сила која тој ја поседува и директно влијае врз тимот и резултатите на терен.

 

 

Фото:

Twitter