Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ и Жан Клод Ван Дам се добри пријатели, а сега славниот актер и упати неодолив коментар на популарната пејачка.
Драгана на својот Фејсбук профил објавила видео од неколку свои фотографии, а воодушевен од нив, Жан Клод веднаш реагирал со коментари.
Пејачката позира расположена и насмеана на трева, а на една од фотографиите лежи и ужива во природа.
-Изгледаш прекрасно, како и секогаш, напишал познатиот актер и оставил неколку срца.
Пејачката во една прилика за Телеграф.рс раскажала како Ван Дам дознал дека таа е една од најголемите ѕвезди во Србија.
-Се трудев да не дознае со што се занимавам, непријатно ми е да зборувам на таа тема. Но, Ван Дам дознал од режисерот на неговите филмови, бидејќи неговата сопруга е по потекло од Бугарија. Кога таа ме виде мене, беше: „Каков Ван Дам… Драгана!, рекла пејачката.
Извор: Телеграф.рс