Општина Дојран набави пловен багер со кој ќе го чисти езерото од отпад – ММС
ММС

Објавено на: 05/10/21 1:48 PM

Општина Дојран набави пловен багер со кој ќе го чисти езерото од отпад

Дојран со пари од ЕУ од Програмата за прекугранична соработка со соседна Грција во рамките на проектот ,,Интегриран систем на управување со екосистемот на Дојранското Езеро’’, набави пловен багер- амфибија за собирање отпад од еерото. Ова е прв пловен багер набавен во нашава земја кој има за цел заштита на квалитетот на водите во Дојранското Езеро.Како што вели  градоначалникот Анго Ангов, ова пловно возило ќе се собира отпад од езерото на просторот каде што има плажи.

,, Ние сме прва општина што набави ваков багер во земјава кој ќе има за цел чистење на отпадот кој е на површината на езерото. Станува збор пред се за растителен отпад од трксите но и пластичен. Ќе се чисти на они простори кади ќе има плажи,, реча градончалникот Ангов

Возилото ќе работи во текот на целата летна сезона и тоа во утринските часови кога ќе нема капачи во езерото. Според проекциите нема да се чистат оние предели кои се прогласени за заштитни подрачја. Ангов вели дека наскоро ќе биде познат и операторот кој ќе врши реконструкција на пречистителната станица со што значително ќе се подобри квалитетот на водата на Дојранското езеро

,, Во тек е тендерот за избор на фирма што ќе врши реконстуркција на пречистителната станица. Овој проект се реалзириа преку министерството за животна средина која одобри околу 300 илјади евра за таа намена,, рече Ангов

Општина Дојран доби од државата доби и околу милион евра за заштита на дорјанското езеро за што локалните власти веќе работат на проекти кои треба да го подигнат квалитетот на водата во езерото

В.Т