Скапи зборови – Колку заработил Шварценегер за еден изговорен збор во „Терминатор“ – ММС
ММС

Објавено на: 05/10/21 1:21 PM

Скапи зборови – Колку заработил Шварценегер за еден изговорен збор во „Терминатор“

Кога во 1968 година дошол во Америка Арнолд Шварценегер (73) имал околу 27.000 долари заштедени од натпреварување во боди билдинг.

За својот прв филм „Hercules in New York“ кој го снимил во 1970 година добил 12.000 долари.

-Јасно е дека ќе мора да се борите и дека нема да биде лесно, инаку не би ја напуштиле својата земја, рекол тој во една прилика.

За „Conan the Barbarian“ од 1982 година добил веќе 280.000 долари.

Сепак, ја спуштил цената за првиот „Терминатор“ од 1984 година. За улогата добил дури 75.000 долари со оглед на тоа дека се работело за нискобуџетен филм кој се снимил со 6.4 милиони долари.

Во филмот „Терминатор 2: Судниот ден“ надополнил за се. Изговорил дури 700 зборови, а за секој добил вртоглави 21.429 долари. Со улогата во тој филм заработил 15 милиони долари.

Филмот „Twins“ му донел најголем хонорар. За улогата на браќата близнаци Дени Де Вита (76) добил 40 милиони долари.

Шварценегер денес „тежи“ преку 400 милиони долари, а за тоа придонесла и неговата работа со недвижности.

Извор: Телеграф.рс/Фото: Инстаграм

Преведено:М.П.Насковска