Почина млада родилка на ГАК – Директорката демантира дека по грешка и биле пресечени цревата – ММС
ММС

Објавено на: 05/10/21 12:28 PM

Почина млада родилка на ГАК – Директорката демантира дека по грешка и биле пресечени цревата

Вчера на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, починала 33-годишна пациентка.

На социјалните мрежи се споделуваа информации дека на пациентката и биле пресечени цревата, наместо папочната врвка.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска, која ја извршила операцијата, во изјава за „Слободен печат“ вели дека информацијата што се појави на социјалните мрежи е невистинита и оти се работи за родилка која на операција дошла поради огромен миом во мала карлица со рапиден раст во последните месеци.

–  Воопшто не беше лесен случај, пациентата претходно била операрирана од пленоктомиа, односно и била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на Клиниката, изјави Јовановска.

МИА