Мурињо: Ако не се засилиме, не’ чека тешка сезона – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 11:02 AM

Мурињо: Ако не се засилиме, не’ чека тешка сезона

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо продолжува со притисокот кон управата на клубот, барајќи нови играчи во завршните три дена од трансфер рокот.

-Клубовите кои претендираат за највисок пласман се многу силни и веќе составија квалитетни тимови. Има и такви, како на пример Ливерпул кој вложува на големо, купува се и сешто. Нас ни фалат неколку засилувања. Им ги соопштив моите барања на луѓето од раководството. Ако не доведеме нови играчи ќе биде многу тешка сезона за нас, изјави Мурињо.

Медиумите во Англија оваа изјава ја сметаат за алиби при евентуални лоши резултати. Манчестер веќе ги доведе во своите редови голманот Грант, португалскиот интернационалец Дало и Бразилецот Фред за кои потроши 84 милиони евра.

Желба на Мурињо е да ги има на располагање и Вилијам од Челзи и Герет Бејл од Реал.

Останува да се види дали до крајот на летниот преоден рок раководството на Јунајтед ќе му ја исполни желбата на Мурињо.