Принцот Чарлс објави интимна фотографија и ја избриша Меган – Нов удар од кралското семејство – ММС
ММС

Објавено на: 05/10/21 10:28 AM

Принцот Чарлс објави интимна фотографија и ја избриша Меган – Нов удар од кралското семејство

Принцот Чарлс намерно ја испуштил Меган Маркл во објавата на социјалните мрежи во која му го честита роденденот на Арчи, тврдат експертите.

Меган Маркл не била на фотографијата која принцот Чарлс ја споделил на Инстаграм и Твитер додека на својот внук му честита втор роденден.

Експертите тврдат дека роденденската порака на принцот Чарлс за неговиот внук Арчи би можело да биде намерен „удар“ за Меган Маркл.

-Тоа го гледам како намерен знак на принцот Чарлс, рекол Данлан Ларкомб за Мирор.

Објаснил дека е уверен дека принцот Чарлс размислува доволно за да знае колку е чувствителна ситуацијата со неговиот помлад син и неговата сопруга.

-Би бил изненаден ако принцот Чарлс не знае што точно прави.

 

Извор: Srbijadanas.com

Преведено:М.П.Насковска