„Спонзориран текст“
На 8-ми мај 2021, со почеток од 20:00 часот се одржа вебинар на кој беше отворена Платформата за психолошка поддршка на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Платформата ја отвори доц. д-р Ана Чучкова од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Со оглед на стресната ситуација предизвикана од КОВИД-19 во која веќе подолго време се наоѓаме, МСУ одлучи овој период да биде со вас и да ви подаде рака. Пандемијата со себе носи многу нови ситуации кои може да предизвикаат страв, несигурност, тага, гнев, меланхоличност, безнадежност… Со цел да го подобри менталното здравје, МСУ ја подготви Платформата за психолошка поддршка и превенција која можат да ја користат сите граѓани.
Во рамки на платформата планирани се 9 едукативни вебинари, 4 забавни настани и индивидуална поддршка од 4 лиценцирани психолози.
https://psiholoshkapoddrshka.msu.edu.mk/
Едукативни вебинари. Програмата ќе понуди серија од 9 бесплатни едукативни вебинари кои се со стручни теми од психологијата и преку кои секој од вас ќе може да научи нешто за себе и начинот како да се справува во одредени ситуација.
Забавен дел. Покрај стручните вебинари платформата ќе понуди и забавен дел во кој ќе можете да учествувате преку Zoom. Во забавниот дел нудиме неколку настани во кои ќе можеме да се дружиме, да разговараме, да патуваме виртуелно, да погледнеме и дискутираме некој филм, да се смееме и да споделуваме позитивна енергија. Овој дел нуди атмосфера која има за цел да не ослободи од секојдневните грижи и загрижувачки мисли.
Консултации со психолози. Платформата ќе понуди и бесплатни консултации со лиценцирани психолози и професори со кои ќе можете лично да исконтактирате и да добиете соодветна поткрепа и насоки за ваш личен проблем. Се разбира, со 100% дискретност.
За да ги користите бенефициите кои ги нуди платформата можете да ги следите настаните и да земете активно учество во нив: https://psiholoshkapoddrshka.msu.edu.mk/nastani/