Саем за воннаставни програми и активности за деца и млади „После часови“ на 1 септември – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 8:55 AM

Саем за воннаставни програми и активности за деца и млади „После часови“ на 1 септември

Првиот саем за воннаставни програми и активности за деца и млади „После часови“ ќе се одржи на први и втори септември од 10 до 19 часот во Спортскиот центар „Форца“ во Скопје.

Саемот ќе опфаќа уметност, спорт, музика, танц, ликовна уметност, пеење, едукативни центри и програми, изучување на странски јазици, училишен прибор и реквизити… Саемот ќе биде бесплатен и отворен за сите посетители.

Младите родители пред почетокот на учебната година ќе имаат можност да се информираат за повеќе од 50 програми кои се нудат кај нас, да одберат и на лице место да ги запишат своите деца по промотивни цени со големи попусти.

Родителите и децата во живо ќе можат да ги погледнат реквизитите за спорт, танц, да пробаат демонстрација од секоја област.

На 22 и 23 септември во Скопје ќе се одржи четврто издание на „Health, Fitness & Wellness Expo“. Се работи за најголемиот настан за здрав и активен животен стил, наменет за сите возрасти. Целта е да се поттикне, развие и одржи навика за здрав и активен животен стил кај пошироката јавност. Секоја година, програмата на HFW Expo изобилува со демонстрации, дегустации, бесплатни третмани, масажи, консултации со стручни лица и со голем број награди и бесплатни примероци за посетителите.

 

Извор:МИА