Муралот посветен на покојниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој беше насликан во март од уметник од Добој, осамна денес со усташки симбол, пренесува 021.рс.
Novi Sad je danas dobio dva murala Balaševića. #NoviSad #Balašević pic.twitter.com/uQ4dBlyBc7
— ɢᴏʀᴀɴ ʙᴇɢ ★ (@GoranBeg) March 6, 2021
Непознато лице со спреј го испишал усташкиот „У“ со крст на челото на Балашевиќ и тоа денес, на Денот на победата над фашизмот.
Во март Дени Божиќ (27) од Добој за првпат дојде во Нови Сад да наслика мурал, а тој пристигна на покана од сопственикот на блиското кафуле „Бициклана“.