Мачка во Австралија побегнала од ветеринар и одела 30 милји за да се врати кај своите мачиња.
Ова епско патување започнало кога краткoдлакастата црна мачка била однесена на ветеринар од нејзината сопственичка Кери Вилхелм за стерилизација, откако таа се омачила.
„Ја прегрнав и ми се чинеше многу смирено. Потоа се исплаши од училишниот автобус и скокна од моите прегратки. Ја бркав, но не можев да ја стигнам. Не ја видов остатокот од денот и се плашев од најлошото “, изјавила сопственичката за ABC.
„Таа никогаш не била во близина на сообраќај, никогаш не била во градот“, додава Вилхелм, која живее со своето милениче на фарма во Јужна Австралија.
Три дена по бегството, сопругот на Вилхелм и се јавил и ја прашал дали ја донела мачката дома.
„Мислев дека некој се шегува, дека мачката е пред вратата и чека појадок. Бев шокирана”
„Мачката беше среќна, ужасно гладна. Од ветеринарот до нашиот град е 25 километри, плус пет километри од главниот пат до нашата фарма “, раскажала Вилхелм.
Коментарите на социјалните мрежи го истакнуваат мајчиниот инстинкт на мачката, која се вратила кај своите мачиња за да се хранат и да се грижат за нив.
Преземено од: https://www.vijesti.me/