Урната на починатиот актерот, пејач и композитор Зафир Хаџиамнов кој во месец март ја изгуби битката со корона вирусот, вчера беше положена во Алејата на заслужените граѓани во Белград во присуство на негови блиски пријатели и почитувачи на неговиот живот и дело.
Неговиот син Васил Хаџиманов на неговиот Фејсбук профил ја сподели оваа информација.
„За сите пријатели и почитувачи на животот и делото на Зафир и сите кои сакаа да оддадат почит на мојот татко. Вчера беше положена урната на Зафир во Алејата на заслужените граѓани (нов дел). Слава му!“, напиша синот на Хаџиманов, Васил.