(ВИДЕО) Подвигот на Стојанче Ангелов – Со јаже премина клисура долга 30 метри – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/21 5:13 PM

(ВИДЕО) Подвигот на Стојанче Ангелов – Со јаже премина клисура долга 30 метри

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска присуствуваше на и во „Спасителската вежба Мрежичко 2021“.

Активноста опфаќаше користење на техниките на единечно јаже (single rope techniques), традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери, и нејзина примена во урбана средина. Целта е увежбување на тимовите за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни. „Спасителна вежба Мрежичко 2021″ е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини.

Ангелов со јаже преку клисура во кавадаречко покажуваше дел од вежбата „Мрежичко“.