Предметот за притворот на Јордан Камчев е предмет на опсервација и разгледување на повќе меѓународни ентитети на Советот на Европа чиј мандат е заштита на основните човекови права, истакна на денешната прес конференција адвокатот на Камчев, Тони Менкиноски.
Тој кажа дека причината за свикување на прес конференцијата е појавата на фамозната белешка од страна на “загрижен граѓанин” во Македонија и нејзино интерпретирање од страна на Јавниот обвинител за организиран криминал, г-ѓа Вилма Рускоска, дека истата не е доказ во постапка во која е притворен Јордан Камчев.
„Ова е една голема лага, а за да ве увериме во истата, ви ги доставуваме сите Решенија на судот со кои е ограничена слободата на г-дин Јордан Камчев, каде што експлицитно еден и единствен доказ е белешката на Агенцијата за национална безбедност“, истакна Менкиноски кој додаде дека белешката е празна и не содржи ништо.
Менкиноски потсети дека според чл.43 ст.2 од законот за АНБ, изрично е забрането податоците од АНБ да се користат како доказ во кривична постапка и потенцираше дека ниту Судијата на претходна постапка, ниту кривичниот совет, ниту Апелација не сакале да обрнат внимание на белешката, која е всушност единствен доказ во нивните одлуки, вели Менкиноски.
„Зошто Јордан Камчев бил предмет на обработка на АНБ? Законските овластувања на АНБ се предвидени во Закон за агенција за национална безбедност, а согласно своите надлежности утврдени во истиот закон Агенцијата собира, обработува, анализира, проценува, разменува, чува и штити податоци и информации со цел откривање и спречување на активности што се поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата согласно член 4 и тоа: шпионажа, тероризам и негово финансирање, насилен екстремизам и други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата и сл односно дела кои ја загрозуваат националната безбедност на државата. Дали Јордан Камчев претставува закана по националната безбедност?“, праша Менконоски на денешната прес конференција и додаде дека дури и да ги добиле овие информации, во АНБ имале должност овие сознанија да ги поткрепат со докази, кои ќе ги обезбедат преку барање до Врховниот Суд да дозволи ПИМ мерки за следење на лицето Јордан Камчев, или преку оперативно следење.
Тој потенцираше дека белешката се уште не е доставена до одбраната, иако во повеќе наврати до различни институции ја имале побарано и оспорено нејзината употреба.
„Собранитската комисија ја има оддржано нејзината сединица но сеуште немаме добиено известување за дисквалификација на белешката. Зошто АНБ не ја дава на увид оваа белешка и доказите кои ги „прибавиле„ до Собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ? Пратениците биле известени дека причина за тоа е бидејќи е истрагата сеуште во тек! Уште една ноторна лага на директорот на АНБ. Истрагата за случајот „плацеви на Водно„ е завршена!“, изјави Менкиноски.
Тој потенцираше дека тие како одбрана бараат фер постапка пред објективен и непристрасен орган во Македонија, каде низ аргументи и докази ќе докажат дека Јордан Камчев не е виновен и дека се работи за процес со кој се сака да му се наштети на неговиот углед и репутација како истакнат стопанственик, кој вработува 3.000 луге.
Меѓу другото Менкиноски кажа и дека судењето на неговиот клиент Камчев е својствено за 1947ма отколку на 2021, дека тоа се страшни и мрачни за една демократија, дека му е срам да го коментира целиот настан и се пожали на односот кон него.
-Врз мојот клиент е вршена тортура, пет дена не му е давано вода, ниту за пиење, ниту техничка вода. Бетер од Северна Кореја. И не знаеме дали е ова политичка или бизнис зделка. Очигледно дека Камчев е киднапиран, а како ќе продолѓжи понатаму останува да видиме од надлежните институции на системот, рече адвокатот Менкиноски на денешната прес конференција.
Тој рече дека Камчев со целокупниот имот гарантира за тврдењата дека е настаната штета.
– Гаранцијата е за замена за наводната штета која се тврди дека во овој предмет е сторена, а никој не ја знае штетата, веројатно е некоја претпоставена штета. Тоа се имотот на целокупната негова фамилија, за да тој се брани од слобода. Значи гаранцијата е за замена за мерката притвор, ограничување на слобода, а ние не ја бараме гаранцијата за преместување од мерката притвор во куќен притвор. Сметаме дека нашиот клиент воопшто не е виновен, рече тој.
ММС