(ВИДЕО) „Одиме на Европско првенство“ – слушнете ја официјалната навивачка химна за поддршка на фудбалерите – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/21 1:05 PM

(ВИДЕО) „Одиме на Европско првенство“ – слушнете ја официјалната навивачка химна за поддршка на фудбалерите

Во пресрет на настапот на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, Фудбалската федерација на Македонија на својот официјален Јутјуб канал ја објави официјалната химна за навивање. Песната е насловена „Одиме на Европско Првенство“ , а во спотот се појавуваат познати јавни личности.

Музиката и текстот е на  Саше Љолес и Петар Младеновски, аранжман Петар Младеновски, Саше Љолес, Никола Бочваров, Танче Гроздановски, Слободан Хаџи-Илиев Снимено во студио 1060 на Дени Крстев Микс и мастеринг Валентино Скендеровски ав до Бранислав Илијевски.