На свадба со подарок, доказ за вакцинација и негативен ПРЦ тест, новите мерки за свадби во Србија – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/21 12:52 PM

На свадба со подарок, доказ за вакцинација и негативен ПРЦ тест, новите мерки за свадби во Србија

Поради подобрувањето на целокупната состојба со пандемијата, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека свадбените веселби и прослави ќе бидат дозволени од јуни.

Иако ќе бидат дозволени свадби, ограничувања и одредени правила сигурно ќе постојат. Членовите на кризниот штаб неодамна изјавија дека свадби ќе бидат можни, но само за оние кои биле вакцинирани или имаат негативен тест. Значи, сите гости, покрај подарокот за венчавка, мора да донесат и негативен тест или доказ за вакцинација.

„Од младенците и од организаторите зависи дали ќе побараат вакцина или тест, тоа е еден дел од приказната. Ако сите се такви, тогаш овие понатамошни мерки не се потребни. Ако не, тогаш мора да се носат маски и да нема прегратки “, рече Кон.

Д-р Предраг Кон истакна дека ако младенците не се согласуваат со овој начин на славење, тогаш тие ќе мора да ги поминат свадбените веселби под маски. Покрај тоа, постои можност за свадби на отворено, но секако важи правилото за вакцинација и негативен тест.

Преземено од: https://srbija24.com/