Светот денес го одбележува Денот на победа над фашизмот во Втората Светска војна – 9 мај. По повод за 76-годишнината од крајот на Втората светска војна, на Црвениот плоштад во Москва се одржува Парадата на победата.
Според руското Министерство за одбрана, повеќе од 12 000 војници, 191 единица воена копнена опрема, како и 76 авиони и хеликоптери учествуваат во парадата на Денот на победата. Музичката придружба ја обезбедува оркестарот на Министерството за одбрана.
На парадата командува Врховниот командант на копнената армија, генерал на армијата Олег Саѕуков, а ќе присуствува и рускиот државен врв на чело со Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Програмата започна со проверка и традиционалното поздравување на трупите спроведено од министерот Шојгу, а потоа му достави извештај на претседателот Путин.
Говор одржа и Путин.
– Ние ги победивме нацистите благодарение на армијата. Тоа беше неверојатна победа и ќе ја паметиме засекогаш, тоа беше запишано во историските книги. Во најмрачните моменти, нашата нација застана и се бореше … Се боревме за секоја педа од земјата – рече Путин.
Тој зборуваше за значењето на победата на советската армија, а потоа се одржа едноминутно молчење за сите кои загинаа додека ја бранеа својата земја.