Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа во Индискиот океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во атмосферата на Земјата, пренесоа кинеските државни медиуми.
#USSPACECOM can confirm Chinese #LongMarch5B re-entered over the Arabian Peninsula at approximately 10:15 pm EDT on May 8. It is unknown if the debris impacted land or water. https://t.co/4Ol9Sa2iJo
— U.S. Space Command (@US_SpaceCom) May 9, 2021
Светските медиуми исто така јавуваат дека ракетата паднала и дека повеќето остатоци изгореле при влегување во атмосферата. Кинеската ракета „Long March 5B “ се движеше со толкава брзина што беше тешко прецизно да се следат податоците, и на секои 90 минути кружеше со цел круг околу нашата планета!
@18SPCS confirms that CZ-5B (#LongMarch5B) (48275 / 2021-035B) reentered atmosphere 9 May at 0214Z and fell into the Indian ocean north of the Maldives at lat 22.2, long 50.0. That’s all we have on this re-entry; thanks for the wild ride and 30K more followers. Good night!
— Space-Track (@SpaceTrackOrg) May 9, 2021
Делови од ракетата „Long March 5B “ влегоа во атмосферата во 10 часот и 24 минути по локално време, потврди Министерството за одбрана на САД.
Некои медиуми известуваат дека експертите со сигурност ќе знаат дека опасноста поминала само кога ракетата „нема да успее“ да ги активира сензорите за следење на некој од наредните контролни пунктови. Таа ги активираше за последен пат преминувајќи над Саудиска Арабија.
Местото на паѓање на ракетата се наоѓа во Индискиот океан, југозападно од Индија и Шри Ланка а северно од Малдивите, објави кинеската агенција за вселенски летови. И покрај загриженоста дека делови може да се урнат во населените места, повеќето остатоци од ракетата изгореа во атмосферата.
Извор и фото: mondo.rs