(Видео) Во живо влегувањето на остатокот од кинеската ракета во земјината атмосфера – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/21 11:30 PM

(Видео) Во живо влегувањето на остатокот од кинеската ракета во земјината атмосфера

Ракетата „Long March 5B “ беше лансирана на 29 април од кинескиот остров Хаинан, носејќи го беспилотниот модул Тијанхе, кој содржи она што ќе стане простор за живеење на постојаната кинеска вселенска станица.

Неочекувано, тие ја изгубија контролата над неа, и таа со денови паѓа на Земјата. Вечерва, по полноќ по наше време, ќе помине низ земјината атмосфера, а тука можете да го следите движењето.

https://www.youtube.com/watch?v=tjEfpRAt0MA

Повеќето остатоци од големата кинеска ракета, која се очекува да се врати во атмосферата викендов, ќе изгорат при враќањето и веројатно нема да предизвикаат штета, изјави во петокот портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Тие ќе ја знаат точната локација само неколку часа порано, велат од Пентагон, а дотогаш, локацијата на ракетата редовно ќе се ажурира на страницата  Space-Track.

Извор:vijesti.ba