Од здравјето на еден човек, зависи здравјето на сите нас – Се вакцинираше Џенифер Анистон – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/21 7:46 PM

Од здравјето на еден човек, зависи здравјето на сите нас – Се вакцинираше Џенифер Анистон

Актерката Џенифер Анистон објави на својот Инстаграм профил дека се вакцинирала против Ковид-19 и се чувствува фантастично.

-Вакцинирана и чувството е навистина добро. Многу сме среќни и привилегирани што моментално имаме вакцини во САД, но тоа не е секаде случај, за жал, а како што знаеме, од здравјето на еден човек, зависи здравјето на сите нас…. Мислам на оние кои немаат или нема да имаат прилика да се вакцинираат, прегрнат своите пријатели и членови на семејствбото, напишала убавата актерка под фотографијата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Со оглед на тоа дека има голем број на обожаватели, веројатно одлуката на актерката за вакцинација ќе допринесе многумина да го следат нејзиниот пример.

Извор: Пинк.рс