Отворени плажите во Грција – две правила тешко ќе им паднат на туристите – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/21 6:30 PM

Отворени плажите во Грција – две правила тешко ќе им паднат на туристите

Неполни три недели откако Грција ги отвори своите граници за државјаните на зејите на ЕУ, но и Србија, Велика Британија, Соединетите Арапски Емирати, а денес конечно отворени се и плажите.

Пред пет дена се отворени и кафулињата и рестраите, односно само летните тераси, па во нив едвај можело да се најде место, што не може да се каже за плажите, бидејќи посетителите мораат да почитуваат бројни правила.

Првото правило е дека треба да се испрати смс со код доколку сакаат да резервираат лежалка на некоја од уредените плажи.

Во однос на мерките кои треба да се почитуваат, тие подразбираат да има растојание помеѓу компетите (чадор и две лежалки) од минимум четири метри. Ова правило може да биде прекршено исклучиво ако на плажа доаѓа семејство со повеќе членови.

Вработените на плажите се задолжени да гo дезинфицираат мебелот, пред новите гости да можат да изнајмат чадор и лежалка.

Во рестораните е забранета музика, а не е дозволено ни задржување во баровите на плажите. Доколку овие правила останат на сила и кога ќе започне туристичката сезона, туристите ќе искусат нов тип на летување.

Извор: Телеграф.рс