Чикаго: За 14 часа убиени пет лица, 44 ранети – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 8:44 AM

Чикаго: За 14 часа убиени пет лица, 44 ранети

За само 14 часа во Чикаго, 44 лица беа ранети, а петмина беа убиени, објавија Си-Ен-Ен.

– Градот Чикаго имаше насилна ноќ. Некои од овие случаи беа поврзани со судир на банди, рече Фред Валер, шеф на патролните единици во полицијата на Чикаго.

Најстариот ранет има 62 години, додека најмладиот има само 11 години

Си-Ен-Ен, исто така, објави дека за само три часа, од 1.30 до 4.30 часот, имало дури 30 застрелани, а двајца загинати во десет инциденти.

Во изминативе години, Чикаго се бореше со голем број регистрирани престрелки, за кои Фред Валер вели дека се намалени за 30 отсто од 2017 година, додека убиствата се намалени за 25 отсто.

 

Извор:МИА