(ВИДЕО) Бојан Богдановиќ одигра меч на кариерата против Денвер Нагетс – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/21 1:19 PM

(ВИДЕО) Бојан Богдановиќ одигра меч на кариерата против Денвер Нагетс

Хрватскиот репрезентативец во редовите на Јута Џез, одличната форма во последно време ја круниса со неверојатна партија против еден од главните фаворити на Западот, Денвер Нагетс.

Некогашното крило на Цибона и Фенербахче го сруши својот индивидуален рекорд во НБА лигата, постигнувајќи високи 48 поени во победата од 127:120. Со фантастичен шут од 70 отсто, Богдановиќ погодуваше 16/21, а од 11 обиди за три поени, во мрежата на Нагетси влегоа дури осум. На свое конто, Хрватот додаде и осум скокови, две асистенции и две украдени топки.

 

После оваа победа Јута останува лидер во Западната конференција, додека пак отсуството на Донован Мичел во голема мера не се чувствува токму поради разиграниот Богдановиќ кој во изминатите пет натпревари во просек шутира успешно повеќе од 63 отсто.

Покрај него, на скорерската листа го следеа и Кларксон со 21 поен, Гобер со 14 и Ниангу со 13. Кај поразените, легитимниот кандидат за МВП, српскиот центар Никола Јокиќ, уште еднаш ја истакна својата кандидатура за регуларниот дел од сезоната, забележувајќи 24 поени, 13 асистенции и девет скокови.

 

 

 

Фото:

Twitter / @TheHoopCentral