За скопјани поевтино парно греење во следната грејна сезона, изјави Бислимовски – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/21 11:03 AM

За скопјани поевтино парно греење во следната грејна сезона, изјави Бислимовски

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски очекува скопјани да плаќаат поевтино парно греење во следната грејна сезона.

-Актуелната грејна сезона заврши пред малку и до крајот на јуни, како што е вообичаено, компанијата „БЕГ снабдување” ќе треба да направи порамнителни сметки за да видиме дали авансните сметки што досега ги плаќаа потрошувачите ќе се намалат или ќе се зголемат. Според првичните согледувања, порамнителните сметки ќе бидат за одреден процент намалени, бидејќи просечните температури беа нешто повисоки од тоа што РКЕ го утврди во својата одлука, вели Бислимоски.

Исто така, додава, околу 70 проценти од произведената топлинска енергија во Градот Скопје оваа година доаѓа од ТЕ-ТО.

-Тоа е особено битно, бидејќи РКЕ во изминатите две години ја намали за 15 проценти производната цена на ТЕ-ТО во однос на цената која ја имаат топланите во Скопје. Очекувам и тоа да има позитивно влијание врз цената за топлинска енергија, порача Бислимоски во интервју за МИА.

 

 

 

МИА