Полицијата и институциите се силно посветени во борбата против криминалот и корупцијата, велат од СДСМ – ММС
ММС

Објавено на: 05/8/21 8:43 AM

Полицијата и институциите се силно посветени во борбата против криминалот и корупцијата, велат од СДСМ

Полицијата во изминатите неколку години со своето професионално, ефикасно и неселективно постапување во борбата против криминалот и корупцијата стана вистински заштитник на граѓаните, чувар на мирот и безбедноста. Таквиот однос на полицијата во изминатиот период е резултат на политиките на СДСМ и секако, одговорното, посветено управување од страна на Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека во континуитет се инвестира во човечкиот капитал во полицијата, преку растот на платите, но и преку исплата на бонуси за остварени прекувремени часови работа.

-Во изминатите години постојано се вложува и во полициската инфраструктура. Реконструирани се 55 објекти на МВР низ целата држава. Изградени се и два капитални проекти – ИКТ центарот во Прилеп, зграда за крим техника, а наскоро ќе се изгради и нов Центар за странци. Се набавуваат нови возила, опрема и униформи за припадниците на полицијата со цел долгорочно унапредување на условите на работата на вработените во МВР и мотивирање на полицијата за ефикасно и неселективно постапување по секое прекршување на законите. За успехот што го постигнува полицијата изминатите неколку години говорат и официјалните податоци. За разлика од лани, годинава бројот на заплени на дрога и наркотици сериозно е зголемен. Во првите три месеци од 2020 била запленета дрога од 14,8 килограми, додека од први јануари до 15 април годинава, заплената на дрога изнесува над 800 килограми. Редовните сообраќајни контроли и неселективниот пристап во санкционирањето значително го намалија бројот на сообраќајни незгоди со повредени лица, незгоди со материјална штета и сообраќајни незгоди со загинати лица, стои во соопштението на партијата на власт.

Македонската полиција во соработка со безбедносните служни на стратешките партнери, денес спроведува сложени полициски акции за спречување на организиран криминал и корупција, а Владата, Министерството за внатрешни работи и останатите институции, продолжуваат со посветена работа и силна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата на секое ниво, концизни се од СДСМ.