Децата Роми повратници од странство, баратели на азил не се враќаат на училиште – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/18 8:16 AM

Децата Роми повратници од странство, баратели на азил не се враќаат на училиште

Двесте деца на возраст од 6 до 17 години припадници на ромската заедница во Битола  не одат на училиште. 120 од нив се деца на 53 семејства повратници од странство, баратели на азил. Според истражувањата кои ги направија невладината „Баирска светлина“, најголем процент од овие родители не обрнуваат внимание на образованието на своите деца и тоа го сметаат за помалку важен проблем. Но најголем проблем биле финансиите – вели Узурџан Медик од „Баирска светлина“.

Седумдесет % од испитаниците одговорија дека најголмиот проблем заради кој не ги вклучуваат своите деца во обреазовна настава е тоа што финансиски не се способни да ги поддржат своите деца.  За таа цел ние обезбедивме училишен прибор и училишни ранци преку што ги мотивиравме децата да ги вклучиме во образовна настава“, вели Узурџан Медик.

Овие активности се дел од проектот „Инклузија на деца Роми во основно образование повратници баратели на азил“ преку кои овие деца треба да се вратат на училиште.

„Имавме туторска поддршка на 50 деца, 33 од нив успеавме да ги вратиме во образованиот процес во мај, но 17 од нив не успеавме заради возраста“, вели Медик.

Погоелм дел од родителите биле скептични.

Затоа што поголем дел од децата беа на поголема возраст од таа што треба да бидат и тие сметаат дека децата ќе бидат засрамени заради тоа што ќе бидат во паралелки со помали деца“,вели Ремзи Медик од Баирска светлина.

Една од најважните активности е креирање образовен центар за медијација и информирање на на припадниците на ромската заедница за важноста на образованието. А тоа бара и вклучување на сите засегнати институции.

Сакаме да ги вклучиме сите засегнати институции и да овозможат скратена програма за да можат овие деца да се вратат во образовниот процес соодветно нивната возраст“, вели Медик.

Проектот „Инклузија на деца Роми во основно образование повратници баратели на азил“ е дел од подгрантовата шема на проектот: „Градење на посилно граѓанско општество за зголемување на образовната инклузија на Ромите“ кој се реализира со поддршка од ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми имплементиран од Ромскиот ресурсен центар.

 

Маја Богоевска