Кој би рекол дека човекот што пред десеттина години беше обожуван само и само во темносиниот дел на Милано, а непосакуван па дури и презиран во италијанската престолнина, ќе предизвика „навивачка треска“.
Во моментите кога Јувентус заздравуваше од испаѓањето во Сериа Б, а Милан влегуваше во своевидна транзиција, Рома беше единствениот вистински конкурент на Интер за Скудетото во Италија. Токму Жозе Мурињо претставуваше пречка за враќањето на старите славни патеки.
Истиот Жозе Мурињо се најде на ѕидовите во Рим, како вози веспа со амблемот на Рома, обвиткан со шал од „римската волчица“.
Како бомба одекна веста дека по отказот од Тотенхем, португалскиот стратег и еден од најголемите во играта ќе заврши во Италија од следната сезона. Ентузијастичните навивачи на Рома не трошеа време и веднаш започнаа со креирање на атмосфера во главниот град за топол дочек и добредојде на поранешниот тренер на Челзи, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Муралот на секогаш контроверзниот стручњак го привлече вниманието и на светските медиуми и на жителите на Рим што ја „носат Рома блиску до левата страна“.
Mourinho fever is already running wild in Rome as a mural of the new Roma boss on a Vespa has appeared in the city 👀 pic.twitter.com/uAaLzYQYp1
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) May 7, 2021
Рома сезонава со Фонсека на кормилото не ги исполни очекувањата. Срамниот резултат од полуфиналето во Европа Лига од минатата седмица на „Олд Трафорд“ и седмата позиција во домашното првенство, претставуваа повод за промена на тренерската позиција кај освојувачот на Скудетото од почетокот на 21-от век.
Фото:
д.ј