Во одговор на новинарско прашање околу одлуката за суспендирање на приватно земјиште за ДУП-овите кај паркингот спроти Градскиот трговски центар, градоначалникот на Општина Центар на денешната прес-конференција објасни дека може да предизвика многу штетни последици таму каде што се отворени какви било постапки.
-Имавме над 30 постапки што ги покренавме во изминатиот перод. Со првата одлука за мораториум имавме одврзани раце бидејќи не беше наведено кој ќе ја сноси штетата доколку дојде до одредена тужба од страна на некого, а воедно отворате постапки за кои сте свесни за одредени прекршувања, со суспензијата само ќе си наштетиме, истакна градоначалникот на Општина Центар.
Тој додаде дека советниците побарале дополнителни материјали, со цел дополнително да го надополнат заклучокот за поквалитетни елаборати.
-Таму каде што имаме судска постапка и каде што имаме одреден процес мора да запазиме да не направиме штета. Секаде каде што има недоследности, ќе оцени комисијата и Министерството за транспорт и врски, посочи градоначалникот Богдановиќ.
Градоначалникот истакна Заклучокот за постапување според член 23 од Законот за урбанистичко планирање што беше одобрен на 64-тата седница на Советот на Општина Центар треба да претрпи измени со кои не би се нанеле сериозни штети на општината.
МИА