Добро се чувствувам – порача Филипче откако денеска се вакцинираше со вакцината на Синофарм – ММС
ММС

Објавено на: 05/7/21 11:51 AM

Добро се чувствувам – порача Филипче откако денеска се вакцинираше со вакцината на Синофарм

По премиерот Зоран Заев, денеска вакцината на кинескиот производител Синофарм ја прими и министерот за здравство, Венко Филипче. Тој се вакцинираше во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, по што во изјава за медиумите посочи дека добро се чувствува и дека ќе се ревакцинира за три недели.

„Пандемијата не’ научи на многу работи, уште од почетокот на минатата година да бидеме сплотени и обединети околу една работа, а тоа е почитување на превентивните мерки, кои се темелеа и се темелат  на универзални принципи за заштита и превенција од ширење  на вирусот. Сега во оваа фаза имаме нов момент, повторно да бидеме сплотени и обединети да ставиме приоритет на вакцинацијата како еден клучен елемент  за да се смени текот на пандемијата“.

Според него, вакцината е нешто што сите го чекале и тоа е фактор кој може да ја смени сликата за пандемијата насекаде низ светот.

„Соочени сме со болест за која досега немаше вакцина, знаеме што значи  овој инструмент да го немаме во рацете. Апелирам сите да се свесни дека вакцините е развиени на безбедни платформи. Сите вакцини се сигурни, несканите ефекти се мали. Има точни контраиндикации за некои специфични возрасни групи и ние тоа го влечеме како податок од производителите и научните испитувања“, изјави министерот.

Тој оцени дека системот за вакцинација добро се спроведува, а вчера во земјава се вакцинирале околу десет илјади граѓани.

„Овој систем со центри за масовна вакцинација во спортски центри добро се одвива. Акцентот е ставен на сите пријавени со приоритет по возрасна група и еден помал дел оди кон вработените во китичната инфраструктура. Како ќе доаѓаат вакцините така ќе бидат распределени“, додаде Филипч.е

Тој апелираше сите да се пријават на vakcinacija.mk по што системот Мој термин ќе ги приоретизира и ќе добијат смс порака или е-маил со закажан термин за вакцинација на некој од вакциналните пунктови.

Посочи дека е одлучено по Собранието, како институција да се вакцинира Владата. Министрите веќе добиле свои термини за вакцинирање во следниот период од 10 – 14 дена.

 

 

В. Ми